Живот
28. February 2016 - 19:05

Мајк Тајсон го опиша моментот кога ја фатил сопругата со Бред Пит во кревет!

Контроверзниот поранешен боксер проговорил за една интересна случка од својот живот.

Во последно време повеќе е познат по своите испади во јавноста, отколку по спортските достигнувања. Мајк Тајсон знае да биде непријатен соговорник, но има и денови кога од него може да се слушнат некои навистина интересни работи.

Тајсон изјавил дека Бред Пит е навистина добро момче, но кога во предвид ќе земете дека го фатил со својата поранешна жена, тогаш таа изјава, во најмала рака, е интересна.

Мајк гостувал во шоуто „The Real“ кога се присетил на златните осумдесети, но и случката со холивудскиот актер.

- Целата приказна е всушност смешна, рекол Мајк. Мислејќи дека ќе има проштален секс со сопругата пред да и ги предаде документите за развод, влегол во станот и таму ги затекнал Робин Гивенс (поранешната сопруга) и Бред Пит.

Мајк смета дека двајцата немале секс, но дека дефинитивно се подготвувале за тоа. Се сеќава дека Бред бил преплашен кога тој се појавил пред него.

Оттогаш поминале 30 години, но Мајк вели дека ништо не му замерува на Бред и смета дека всушност тој е добро момче.