Loading Video...
Кошарка
29. December 2019 - 16:09

Мајами по продолжение подобар од Филаделфија

Најнеизвесниот натпревар од синоќешната понуда во НБА лигата го одиграа Мајами и Филаделфија, а победа остварија домаќините и тоа по продолжението со 117-116.
 
Изненадување направи Јута која во Лос Анџелес ги победи Клиперси со 120-107. 
 
Во најефикасниот меч Далас со 141-121 го победи Голден Стејт на гостински терен. 
 
Триумфи остварија и двете најдобро рангирани екипи. 
 
Милвоки без Антетокумпо го совлада Орландо со 111-100, додека Лејкрси на гости беа подобри од Портланд со 128-120.