Тенис
31. March 2017 - 15:07

Мајами: Федерер „граби“ кон финале со Надал?!

Љубителите на тенисот во Мајами уживаат во играта на ветераните Федерер и Надал кои очигледно се подготвени да одиграат нов дуел во финалето на овој престижен турнир. 

Швајцарецот обезбеди полуфинале откако спаси две меч топки за на крајот да слави со 6-2, 3-6 и 7-6 над Томаш Бердих во четвртфиналето.

По убедливата игра во  првиот сет со 6-2, Федерер го загуби вториот  со 3-6  и мечот влезе во драматична завршница откако третиот сет донесе неколку пресврти, голема борба и тај брејк. Роџе Федерер спаси две меч топки а Томаш Бердих со двојна сервис грешка му ја подари победата на својот колега.
 
Во полуфиналето, Роџер Федерер ќе ги одмери силите со Ник Киријос, кој славеше над Александар Зверев со 2-1 во сетови.