Маја и Михајло погребани заедно: Злосторнику зошто крвнички ги уби нашите ангели?
Маја Ѓорѓевиќ (39) и четиргодишниот Михајло кои минатата среда брутално ги уби Марко Николиќ (43) воЦентарот за социјална работа, се погребани вчера на гробиштата Орловача во Белград.
Од мајката и братот се прости постариот син на Маја Стефан (14) како и бројните роднини и пријатели. Родителите на убиецот не дојдоа на погребот на снаата и внукот.
Тишината на гробиштата ја параа болните лелеци на ожалостените и гласното поставување на прашањето „зошто“.
-Злосторнику, зошто нашите ангели крвнички ги уби, тажеше една постара жена.
Роднините и пријателите се собраа претходно пред капелата во која се одржа опело за мајката и синот. Собраните не ги скриваа солзите, а плач одекнуваше низ гробиштата. Неутешно се гушкаа едни со други, обидувајќи се да најдат зборови за утеха, но нив едноставно ги нема.
Сестрата Бранислава и синот Стефан прегрнати стоеја немо, со солзи во очите гледаа како земја ги покрива белите сандаци.
Николиќ, инаку смеел да го гледа детето и морал да го враќа во Центарот за социјална работа каде го чекала мајката. При последната посета, кога детето требало да го врати на мајката, Марко го донел без свест, а Маја потрчала да го спаси детето. Во тој момент тој извадил нож и ја избодел повеќе пати, а таа се обидела да побегне.
Меѓутоа, по 2-3 чекори издишала, а тој потоа ги нападнал социјалните работници кои пришле да и помогнат.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела