Балкан
7. јуни 2016 - 8:52

Маја Гојковиќ избрана за претседател и на новиот српски Парламент

Маја Гојковиќ од Српската напредна партија на премиерот Александар Вучиќ вчера беше избрана за претседател на новиот српски Парламент, пренесе ТАСС.

Од 233 присутни пратеници за изборот на Гојковиќ гласаа 159. 

Гојковиќ го предводеше српското Собрание и во претходниот негов состав. Новиот Парламент беше формиран по вонредните парламентарни избори што се одржаа на 24 април. 

Се очекуваше претседателот на Парламентот да биде избран на првото негово заседание, што се одржа на 3 јуни. Но, пратениците по 10-часовна дебата успеаја само да ја усогласат кандидатурата за претседател на законодавниот дом.

Коалицијата „Србија победува“, на чело со партијата на Вучич, на предвремените избори освои апсолутно мнозинство од 131 пратеници во 250-члениот еднодомен српски Парламент.