Македонија
11. January 2021 - 18:41

Магла на Стража и патот Гајре-Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри на патниот правец Гајре-Попова Шапка и планискиот премин Стража.

Од ЈП „Македонија пат“ потсетуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци и апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.