Македонија
19. November 2017 - 18:54

Магла на Стража и на Плетвар

Поради појава на магла, видливоста на планинските превои Стража и Плетвар е ограничена на 30 до 40 метри, соопштија ЈП Македонија пат и АМСМ. 

Возачите се предупредуваат и на можна е појава на помали одрони во клисурите и усеците, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово–Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Од 15-ти ноември стапи во сила и законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.