Македонија
7. February 2019 - 9:09

Магла на Стража, Ѓавато и Плетвар

Намалена видливост од 30 до 50 метри поради магла утринава има на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар.

Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека од 05:40 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар која беше воведена поради врнежи од снег.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.