Магла на превојот „Стража“
На планинскиот превој „Стража” поради магла има намалена видливост, од 20 до 30 метри, поради што се препорачува внимателно управување со возилата, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море