Магла на патните правци Страцин - Крива Паланка и Шипковица - Попова Шапка
Поради појава на магла намалена видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец Страцин – Крива Паланка и од 30 до 40 метри на патниот правец Шипковица – Попова Шапка, соопшти Автомото сојузот.
Од 9 часот сообраќајот на патниот правец Р1202 Маврови Анови – Дебар, кој беше во прекин поради одрон, се одвива наизменично по една коловозна лента. Екипите на ЈП Македонија пат работат на целосно расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, истакнуваат од АМСМ.
Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари