Македонија
8. January 2016 - 8:13

Магла на патниот правец Катланово - Велес

Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Катланово – Велес е намалена до 50 метри.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.