Магла на патиштата во Тетовско и Скопско
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 100 до 150 метри има во Тетово и Скопје, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Информацијата се однесува само за македонската страна на премините.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Обврската трае до 15 март годинава.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот