Македонија
5. February 2019 - 12:22

Магла кај Стража и Крива Паланка

 Намалена видливост поради магла од 30 до 50 метри има на Стража и во Крива Паланка од 100 до 200 метри.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија.

 На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.