Македонија
5. February 2018 - 8:37

Магла кај Делчево и Смојмирово, видливоста од 30 до 50 метри

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Намалена видливост од 30 до 50 метри поради магла има во Делчево и Смојмирово, информира Авмтомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, која трае до 15-ти следниот месец.