Бизнис
14. March 2017 - 9:00

Магистралниот гасовод Скопје-Гостивар во изградба

 Во тек се градежни работи на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар, каде денеска ќе се изврши увид во текот на активностите.

Гасоводот е во вкупна должина од 86 километри, како трет дел од Проектот за изградба на националниот гасоводен систем во Република Македонија. Проектот е проценет на околу 30 милиони евра, а финансиските средства се обезбедени преку кредит од германската Дојче банк и Ерсте група. Изградбата треба да заврши до 2019 година.

Тендерот за изградба на овој магистрален гасовод на почетокот на минатата година го објави претпријатитето „Македонски енергетски ресурси“.