Тенис
6. November 2020 - 20:07

Маестрално издание на Медведев во Париз

Данил Медведев од понеделник ќе го заземе местото на  Роже Федере на АТП листата и ќе биде четврти тенисер во светот откако се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Париз. 
Русинот лесно и убедливо со 6-3 и 6-1 го совлада Диего Шварцман  за нешто повеќе од еден час. 
Овој пораз го чинеше Аргенинецот  учество на завршниот мастерс во Лондон. 
Пласман во полуфиналето обезбеди и Раониќ кој успеа да спаси меч топка на противникот и  да го совлада со 2-1 Французинот Умбер.