Македонија
14. October 2015 - 17:18

Маџир Маало утре без вода

Без вода утре од 9:30 до санирање на дефектот ќе останат корисниците од населбата Маџир Маало.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување за кризи на Град Скопје, прекинот е поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ бр.53 во населбата Маџир Маало.