Мадуро прогласи победа на локалните избори во Венецуела
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро доцна синоќа прогласи победа на локалните избори, обележани со бојкот на главните опозициски партии, кои најверојатно нема да учествуваат на претседателските избори во 2018 година.
- Победивме во повеќе од 300 од вкупно 335 општини, изјави Мадуро на митингот во Каракас по затворањето на гласачките места.
Изборната комисија соопшти дека одзивот на гласачите бил 47,32 отсто и дека владејачката Социјалистичка партија победила во 20 поголеми градови во Венецуела.
Мадуро рече дека опозициските партии кои не учествувале на локалните избори ќе бидат исклучени од претседателските избори, додавајќи дека ова е еден од критериумите на Уставното собрание.
Лидерите на опозицијата, Енрике Каприлес, Леополдо Лопез и Хенри Рамос Алуп, ги бојкотираа изборите, стравувајќи од изборна манипулација.
Претседателските избори во Венецуела треба да се одржат во декември 2018 година.
Длабоката политичка и економска криза неколку месеци ја потресува Венецуела, поделена меѓу поддржувачите на Мадуро и либералната опозиција, која бара вонредни претседателски избори и организира протести, кои безбедносните сили ги загушуваат на сила.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија