Мадуро ги затвора границите на Венецуела за да го запре опозицискиот хуманитарен караван
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро донел решение да ја затвори границата со Бразил и го разгледува прашањето за затворање на границата со Колумбија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Одлуката била донесена по информациите дека соседните земји испраќаат хуманитарна помош за Венецуела во таканаречен опозициски караван. Според Мадуро, предавањето помош во пограничниот град Кукута е „евтино шоу” на опозицијата.
Како што беше јавено, властите во Венецуеала вчера ја затворија морската граница со Аруба, Курасао и Бонер, острови во Карипско Море кои се дел од Кралството Холандија.
Лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гуаидо претходно објави планови за караван со хуманитарна помош преку островот Курасао.
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Вашингтон се надева на мирна смена на власта во Венецуела, но притоа „не се исклучени и други варијанти”.
Гуаидо во јануари се прогласи за привремен вршител на должноста претседател. Тој е поддржан од САД, Канада, многу земји од Јужна Америка како Бразил и Аргентина, и мнозинство на земји од ЕУ, додека за Русија, Кина, Куба и Мексико, Мадуро е легитимен претседател на Венецуела.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација