Мадуро ги прекина дипломатските врски со САД и излезе со ултиматум до американските дипломати
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека неговата земја ги прекинува сите дипломатски односи со САД и им даде на американските дипломати 72 часа да ја напуштат земјата, откако Доналд Трамп го призна опозицискиот лидер за привремен претседател.
Мадуро оваа одлука ја соопшти пред неговите поддржувачи од балконот на претседателската палата во Каракас, кратко откако САД и уште неколку јужноамерикански земји одлучија да го признаат опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател.
Претседателот на САД, Доналд Трамп застана на страната на Гуаидо, кој се самопрогласи за претседател на Венецуела. Трамп власта на Мадуро ја опиша како „нелегитимен режим“.
Покрај САД, Гуаидо го признаа и Аргентина, Бразил, Коста Рика, Еквадор, Гватемала, Чиле, Колумбија, Парагвај и Перу.
Мадуро им порача на приврзаниците пред претседателската палата во Каракас дека опозицијата се обидува да направи државен удар и ја повика армијата да го зачува единството.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација