Мадридските клубови две години без трансфери
Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, во наредните два трансфер периоди, нема да можат да регистрираат фудбалери, откако ФИФА го одби нивните жалби.
Мадридските клубови казната ја добија во јануари бидејќи ги кршеле прописите кои се однесуваат на заштита и трансфери на малолетни играчи. Покрај тоа двата клуба се казнети и парично, Атлетико со 900.000, а Реал со 360.000 швајцарски франци.
„Жалбениот комитет на ФИФА реши да ги одбие жалбите на шпанските клубови, Реал и Атлетико и да ги потврди одлуките кои во јануари ги донесе Дисциплинскиот комитет на ФИФА. Двата клуба имаат забрана да регистрираат фудбалери на национално и интернационално ниво во зимскиот и летниот преоден рок во 2017 година“, соопшти ФИФА.
Со истрагата беа опфатени малолетници кои во разни натпреварувања настапувале за Атлетико од 2007 до 2014 година и за Реал од 2005 до 2014 година.
ФИФА пред нешто повеќе од една година од исти причини ја казни Барселона.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор