Фудбал
14. January 2016 - 16:03

Мадридските клубови без засилувања?!

Дисциплинската комисија на ФИФА во четвртокот донесе одлука со која им се забранува на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид да купуваат нови играчи во следните два преодни рока поради кршење на правилата за трансфер и доведување на играчи под 18 години.
Двата клуба суспензијата ќе ја одработат во следните два преодни рока-летниот во оваа година и зимскиот кој трае до крајот на јануари 2017 година. Забраната не се однесува на актуелниот преоден рок кој трае до 31 јануари.
 
Покрај ова, двата мадридски клуба ќе треба да платата и парична казна од 900.000 швајцарски франци, а добија и рок од 90 дена да ја регулираат состојбата со сите малолетни играчи.
Одлуката на ФИФА е донесена врз основа на истрагата насочена на малолетни играчи кои во клубовите учествувале во натпреварувања во различни периоди од 2007 до 20014 за Атлетико, односно од 2005 до 2014 за Реал.
 
Ваква казна претходно имаше добиено Барселона.