Фудбал
15. August 2018 - 17:58

Мадридска пресметка во Суперкупот на УЕФА

Мадридските гиганти Реал и Атлетико вечерва во Талин Естонија ќе се борат за  Суперкуп Трофејот на УЕФА.

                Минатата година  триумфираше Реал Мадрид. Европскиот шампион се надева на трет трофеј во серија во оваа натпреварување.

                Љубителите на фудбалот со нетпрение очекуваат  слика за новиот Реал, без Роналдо  кој замина за Јувентус но и со нов тренер, екс-селекторот на Шпанија Лопетеги.

                Од бизарни причини на голот нема да се појави Тибо Куртоа но затоа пак тука се Лука Модриќ, Герет Бејл, Марсело и Бензема.

                Ова ќе биде прво финале на суперкупот во кое ќе играат градските ривали. Реал ја брка 5-тата титула колку што имаат Барселона и Милан додека  Атлетико има две победи  во исто толку настапи.

                Овојпат тешко е да се предвиди улогата на фаворит бидејќи  црвено-белите секогаш се незгоден противник против градскиот ривал на чие чело веќе неколку години е Диего Симеоне кој сигурно со горчина се сеќава на поразите во Лигата на шампионите од Реал кој беше подобар во две финалиња.

                Средбата се игра во Талин со почеток во 21ч  а главен судија на мечот Симон Марчиниак од Полска.