Џет-Сет
29. December 2015 - 14:48

Маца Дискреција за прв пат ја кажа вистината за својата мајка: Таа ме...

Маца Дискреција веќе со емсеци е дел од реалното шоу "Парови" кое ја вивна во светот на славните. Ретко зборува за тажното детство кое го имала, но сега реши за прв пат да открие детали за нејзината мајка.
 
- Мајка ми ме родила млада, на 20 години. Кога пораснав луѓето мислеа дека сме другарки, многу сме слични. Ме издржуваше до седумнаесет години, а тогаш почнав самата да заработувам. Никогаш не ми дозволуваше да спијам до касно, а кога ќе се успиев се случуваше да ме разбуди со правосмукалка. Излегувањето никогаш не ми беше подоцна од 11 часот. Се сеќавам еднаш го испуштив автобусот и не дојдов дома на време, не ме пушти да спијам внатре, па морав да преспијам пред вратата - рекла Маца Дискреција.