Лунарната Нова година во Кина прославена без мерки против Ковид-19
По три години и неодамнешното откажување на политиката „нулта ковид“, денеска ширум Кина беше дочекана лунарната нова година.
Покрај традиционалните манифестации во рамки на Пролетниот фестивал, кој го означува почетокот на новата лунарна година, имаше и големи семејни собири низ земјата. На јавните прослави во Пекинг и другите големи градови имаше помалку луѓе отколку во годините пред пандемијата.
– Експертите не очекуваат големо зголемување на бројот на инфекции со Ковид-19 во следните два или три месеци, бидејќи околу 80 отсто од кинеското население беше заразено за време на неодамнешниот бран – објави на Веибо, Ву Зунју, главен епидемиолог во кинескиот Центар за контрола на болести.
Тој додаде дека „покрај тоа, масовното движење на луѓето може да доведе до ширење на вирусот“.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот