Балкан
3. February 2016 - 19:41

Луначек: Она што досега го направи Косово не е доволно

Известувачот за Косово во Европскиот парламент,Урлике Луначек изјави дека Косово заблежа напредок во разни области, но доадде дека она што досега е направено сепак не е доволно.

За време на обраќањето пред пратениицте во Европарламнетот, Луначек истакна дека Косово е „земја ориенирана кон ЕУ“ и оти треба да го запре насилството врз институциите.

- Косово е најмлада држава во Европа и работи многу за да ја консолидира демократијата. Младите Косовци покажаа дека сакаат да бидат дел од европското семејство и да се интегрираат во ЕУ. Последните години има многу напредок, има напредок во дијалогот со Белград, но тој не е на задоволително ниво. Она што досега го направи Косово не е доволно, изјави Луначек.

Таа нагласи дека пред една недела е упатен апел да запре наслството во Парламентот на Косово и повеќе да нема насилни протести.

- Апелиравме и до претседателката Атифете Јахјага да ги повика страните на дијалог за да се реши кризата, изјави Луначек.