Бизнис
30. September 2016 - 21:02

Лукоил најавува нови инвестиции во Македонија

Македонија има поволна бизнис клима, оценуваат инвеститорите кои веќе работат во земјава. Во однос на земјите од регионот, Македонија има поповолно законодавство затоа компаниите ги шират инвестициите тука.

Лукоил најавува нови бензински во Скопје, Гевгелија, Кавадарци и Куманово, а компанијата е  подготвена и да се прилагоди на пазраот и по воведувањето на новите мерки за заштита на животната средина.  Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, најави субвенции за купување електрични автомобили и за вградување на плински уред во автомобилите на бензин.

Лукоил годинава прославува 25 години од основањето, шеста најголема компанија во енергетскиот сектор во светот, со над 100.000 работници во 22 земји на три континенти. Во Македонија Лукоил работи 11 години, досега инвестираше 50 милони долари,  има околу 400 работници. Просечната плата на вработените на бензинските лани изнесувала 31.000 денари. Компанијата секоја година е на листата 10 најголеми плаќачи на данок. Лани по овој основ компанијата на државата и платила 49,7 милиони долари.