Свет
10. July 2020 - 16:46

Лукашенко: На Белорусија и се заканува распаѓање

Белорускиот претседател Александар Лукашенко предупреди дека постои закана од распаѓање на земјата.

– Не би сакал утре да се урне се, што не сум го градел само јас со сопствени раце. Не би сакал некој да дојде и да почне да врши експерименти, истакна Лукашенко.

Тој нагласи дека промените во Белорусија треба да се извршат согласно Уставот, а не на улица. Во спротивно, според него, државата ќе ја избрише цела своја историја.

Претседателските избори во Белорусија ќе се одржат на 9 август. Во текот на предизборната кампања се уапсени неколку лидери на опозицијата и кандидатот Виктор Бабарико. Властите соопштија дека апсењата не се политички мотивирани, туку станува збор за направени прекршоци за време на масовните собири.