Loading Video...
Фудбал
9. May 2020 - 20:41

Лукашенко: Играме фудбал и го надмудривме Ковид-19

И додека  Европа на долго и на широко се подготвува да го рестартира фудбалот, претседателот на единствената земја каде што се тркала буба-марата, Белорусија порачува: Додека вие се подготвуваат за втор бран пандемија ние ќе ве радуваме со фудбалски вештини
Фудбалското првенство во Белорусија засега е единственото кое се игра и тоа без никакви проблеми и прекини. Сите наредби на претседателот на таа земја Александар Лукашенко се почитуваат без приговор и во шампионатот кој започна токму кога беше прогласена пандемијата се одиграни 8 кола. 
Првиот човек на 8-милионската земја упорно бара граѓаните да живеат нормален живот: 
„ Господ ќе ни помогне да ја надминеме оваа несреќа и напаст. Гледам дека многу земји кукаат поради најавата на вториот бран пандемија на есен. Мислам патот по кој оди Белорусија го надминува не само првиот бран туку и вториот кој не дај боже се најавува. И покрај вирусот кај нас се се враќа во нормала. Ако продолжиме по истиот пат за месец дена ќе го заборавиме корона-вирусот – потенцира Лукашенко 
Во Белорусија  се забележани 20 илјади позитивни случаи на коронавирус а починаа 121-но лице.  Викендов на програмата во фудбалското првенство се 6 натпревари.