Свет
7. October 2018 - 13:22

Лукашенко: Физичкото казнување може да биде полезно за децата

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјавил дека физичкото казнување може да биде полезно за воспитувањето на децата.

Како што пренесуваат западните медиуми, Лукашенко нагласил дека лично е против физичкото казнување на децата, но дека „некогаш тепањето со каиш може да биде корисно за детето“.

Белорускиот претседател навел дека често го казнувал постариот син, а тоа била добра лекција и за помладиот.

Тој на новинарите им соопштил дека е поребно уште да се работи на законот со кој ќе се криминализира насилството во семејството.

Лукашенко  смета дека Белорусите треба да се придржуваат до својата традиција, а не да преземаат „бесмислици од Западот“.