Македонија
30. September 2021 - 20:54

Лукаревска од Центар: Ова не се историски избори, но изборот може да има историски последици, немаме време за невреме

„Нашиот политички опонент својата програма математички ја наслови - Три Пи, тоа е нивниот омилен сендвич : ПАРИ-ПАРТИЈА-ПАРИ. Велат, не можеле да претскажат каква ќе биде иднината ама со нив ќе била. Враќањето во вашата иднина оваа земја уште еднаш нема да го преживее. Ова не се историски избори, но изборот може да има историски последици, решенијата се само навидум лесни зашто од овој скап кафез во срцето на Скопје, од над 700-тини милиони евра и со отворена врата тешко се полетува. Одговорноста е она што го одликува СДСМ, одговорност имаме секој ден и за секој граѓанин, но имаме одговорност и да не дозволиме режимот од Белата палата повторно да не врати во калтта“, рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибината во Општина Центар.

„Центар ги издржа шамарите ќе ги издржи и лагите, промените се почнати и нема назад. Немаме време за невреме, немаме време ни за добро е, сега е време за „НАЈДОБРОТО“. А тоа е овој чесен, кроток  и вреден човек - нашиот Горан кој со вашиот глас ќе биде градоначалник на Центар. Горан е симболиката на победнички, модерен и европски Центар, исправен пред нов исклучително битен предизвик кој ќе го преслика во победа.

Гласајте за бројот 12, за Горан Герасимовски, за Адријана Будимир и за советничката листа на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата.

Со СДСМ, 12 е на пладне, кога денот е најсветол.

Со вашите гласови, 12 ќе биде полноќ за опозицијата.
 
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ