Македонија
8. October 2015 - 11:55

Лука Пинаско: Бегалците геополитичко оружје на меѓународната заедница

Бегалците се користат како геополитичко оружје, а сето ова започна во 2011 година кога западната меѓународна заедница, преку масовните медиуми и невладините организации на САД и СОРОС ја финансираа „Арапската пролет“, смета италијанскиот ескперт Лука Пинаско.

Во интервју за ТВ Сонце, Пинаско вели дека целта била да се создаде голем меѓународен муслимански бран од Северна Африка до Блискиот Исток. 

- Кога говориме за проблемот со бегалците, секој се заложува да понуди поинакво решение. Ова, според мене, е погрешен пристап. Јас често велам дека мора да ги анализирате сите причини пред решенијата, затоа што секое исправно решение мора да биде врз основа на проучените причини. Причината за проблемот со бегалците денес е војната во Сирија. Кој ја предизвика оваа војна? Сето ова започна кога во 2011 година. Западната меѓународна заедница, преку масовните медиуми и невладините организации на САД и Сорос ја финансираа „Арапската пролет“, смета Пинаско.

Тој додава дека ја разбира загриженоста на македонскиот народ затоа што низ нејзината територија секој ден влегуваат над 3.000 мигранти.

- Нејзината неодржлива ситуација ме тера да се смеам кога читам дека САД ќе прими 10.000 бегалци во 2016 година или кога британската влада изјавува дека ќе прими 15.000 бегалци оваа година. Македонија ја удвои оваа бројка за само една недела. Но, сакам да му порачам на македонскиот народ да остане смирен и да чека. Не плашете се, вели Пинаско.

Според него, исто како и во Македонија, која била жртва на обоена револуција против легално избраната Влада, предизвикана од лидерот на СДСМ, кого го нарекува, марионета на големите финансиери, така и во Сирија револтот не успеал.

- Целиот сирискиот народ, како и македонскиот, се потпираше на претседателот Асад. Потоа, западните сили дадоа пари и оружје на опозициската армија во Сирија: Сириската армија за слобода, ИСИС, Ал Нусра, итн... “, истакнува Пинаско и додава:...САД и Велика Британија ги обучија и ги заштитија платениците на териториите љубезно понудени од страна на Турција и Јордан. Саудиска Арабија и Катар го финансираа најголемиот дел од трошоците потребни за терористичката армија. Турција ја охрабри трговијата со нафта на ИСИС во Европа. Израел му обезбеди оружје на фронтот на Ал Нусра и помогна со својата авијација на џихадистичките милиции со бомбардирање на пунктовите на редовната сириска армија. Она што се случи беше многу слично со Ирак, Авганистан, Либија, со единствена разлика во тоа што во овој случај, американската армија учествуваше во војната. Дали се сеќавате на пророчките зборови на Гадафи, кога рече дека ако Либија се промени, цела Европа ќе биде прекриена со огромен прилив на мигранти? Па, тоа се случува денес. Сите бегалци доаѓаат од Сирија, Ирак, Авганистан, од Супсахарска Африка и од Магреб, истакнува Пинаско.

Во англо-американскиот финансиски план, вели Пинаско е сувереноста на Македонија која мора да исчезне заедно со целиот руски проект за гасоводот, а пречка е Владата на Никола Груевски, смета Пинаско.

Според него, сепак планот е неуспешен бидејќи рускиот претседател победува во Сирија, а наскоро, како што вели и ИСИС ќе биде поразен,а ќе заврши и приливот на мигранти.

- Рускиот министер за надворешни работи, Лавров, беше јасен: Сирија нема да стане уште една Либија. Не знам дали тактичкото решение како што е градењето ѕид може да биде вистинско решение. Но, сигурен сум дека единственото стратешко решение е да се чека, да се остане блиску до Владата на Груевски и да се приклучи кон Алијансата на отпорот, со сите сили во Европа, Азија и Африка кои се противат на ваквиот начин на покорување на Блискиот Исток, вели Пинаско за Програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.