Луиџи ди Мајо: Мора да се запре војната во Либија, во спротивно нова мигратска криза во Европа
Министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи ди Мајо, предупредува дека војната во Либија мора да се запре, инаку Европа ќе се соочи со нова мигрантска криза.
-Во Либија има 700.000 бегалци. Повеќето не сакаат да одат во Европа се додека можат да живеат во мир и да имаат перспектива. Но, можете ли да замислите ако избувнат улични борби во главниот град?, изјави Ди Мајо во интервју за германскиот весник„ Билд “.
Тој истакна дека е неопходно да се запре војната, во спротивно ќе има нова мигрантска криза.
„Тоа е единствен начин на тероризмот да му се одземе тлото. Министерството за надворешни работи во Триполи повеќе не постои затоа што терористите на ИД го разнесоа. Сето тоа се случува само 200 километри од Сицилија крај брегот на Европа, рече италијанскиот дипломат.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски