Живот
12. February 2020 - 13:14

Луѓето што доцнат се поуспешни во животот

Ако некои луѓе секогаш доцнат, тоа не мора да значи дека не ве почитуваат. Психолозите тврдат дека постојат два вида луѓе. Првиот вид луѓе се поагресивни, самокритични, конкурентни и чувствителни на времето, додека оние што му припаѓаат на вториот вид обично доцнат, трпеливи се и со нив е полесно да се справите, но во исто време имаат особини што им помагаат да бидат поуспешни. Имено, луѓето што доцнат се покреативни. Тие не се плашат да ги кршат правилата и да ги надминуваат утврдените граници. Секогаш ја гледаат поголемата слика и не се мачат со деталите. Оваа особина е карактеристична за претприемачите и лидерите што постигнуваат успех почесто од другите. Додека работат, тие може да го изгубат чувството за време, но внимателно пристапуваат кон работата и даваат навистина одлични резултати.

Истражувањата откриле дека луѓето што доцнат може да бидат пооптимистички настроени. Поради оваа особина, тие се склони кон успех и не се откажуваат лесно. Психологот Мартин Селигман спроведе истражување, кое открило дека најоптимистичките продавачи продале 88 проценти повеќе од најпесимистичките продавачи. Значи, ако вашиот пријател доцни, тоа веројатно не е затоа што тој е мрзлив. Постојат некои луѓе што се обидуваат да направат сè одеднаш, што веројатно и им успева.

Луѓето што доцнат се порелаксирани затоа што имаат пониско ниво на вознемиреност. Поради ова, тие може подобро да одолеат на стресот. Ако имаат нешто итно, тие нема да паничат. Овој квалитет е особено важен на работа, бидејќи помалку стрес значи подобра работа. Тие се перфекционисти. Кога сакате сè да биде совршено, доцните, но тоа значи само дека сте добар работник.