-->
-->
Луѓето сеуште имаат погрешна слика за него иако тој почина пред 10 години
-->
Пред точно десет години почина Данило Лазовиќ, српскиот актер кој глумеше во голем број филмови и серии, но најчесто имаше негативни улоги, кои маестрално ги носеше на публиката.
"Среќни луѓе", "Семејно богатство" и многу други серии го имаа него во главните улоги. Тој е еден од најголемите југословенски актери, но сепак го нема на "Кафаната на бесмртните" или фотката која ги собра сите легенди.
Како што пишува српскиот Блиц, според неговите улоги, гледачите изградија погрешна претстава за него. За разлика од улогите на насилник и пијаница, во приватниот живот тој беше еден од ретките кои не седеа во бифето, не пиеја и не се забавуваа често. Неговите колеги и соработници велат дека водел мирен живот посветен на кариерата.
- Имаше специфичен начин на хумор, не пиеше, ретко излегуваше во кафеани, беше добар човек, велат тие. Додаваат и дека се грижел за семејството и домаќинството.
Тој почина на 25 март 2006 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти