Македонија
5. јуни 2019 - 16:46

ОН: Луѓето од Западен Балкан губат 1,3 години живот поради загадување на воздухот

Луѓето кои живеат во Западен Балкан во просек губат до 1,3 години живот поради загадување на воздухот.  Загадувањето на воздухот е директно одговорно за еден до пет предвремени смртни случаи во 19 градови во Западен Балкан, укажуваат прелиминарните резултати од извештајот на Програмата за животна средина на Обединетите нации.

По повод денешниот Светскиот ден на животната средина ОН објавија извештај за 2019 година на тема  „Да се победи загадување на воздухот“.
 
Според веб-страницата на ОН за заштита на животната средина, прелиминарните наоди од „Загадувањето на воздухот и здравјето на луѓето: Извештај за Западен Балкан“ покажуваат дека вкупниот број на предвремени смртни случаи директно поврзани со загадувањето на воздухот во градовите е речиси 5.000 годишно.
 
Во извештајот се анализирани податоци од Корча, Бања Лука, Брод, Приједор, Сараево, Тузла, Зеница, Бар, Никшиќ, Плевља, Подгорица, Тиват, Битола, Скопје, Тетово, Белград, Панчево Ужице и Ваљево.
Во седум од анализираните градови, загадувањето на воздухот е одговорно за најмалку 15 отсто од прерана смрт, додека 19 отсто во Тетово.
 
Извештајот исто така повикува на построги регулативи за индустриски емитери и ограничувања на ТЕЦ на јаглен. Во Западен Балкан во моментов има 15 активни централи на јаглен.
 
Студијата е изработена со поддршка од Владата на Норвешка.