Луѓето кои посетуваат музеи се посреќни и помалку осамени
Низ различни студии и истражувања се покажа дека луѓето кои редовно посетуваат музеи, со уживањето во уметноста и новите сознанија, тие се повеќе среќни и помалку осамени од другите.
Според студија спроведена од норвешкиот Универзитет за наука и технологија, уживањето во културата и уметноста може да го намали ризикот од анксиозност и депресија. Во истото истражување, откриено е дека мажите имаат повеќе корист од одење во музеј отколку жените.
Трудот на Јан Пакер од Калифорниската Академија за науки покажа дека музеите го намалуваат стресот, затоа што пружаат средина каде луѓето можат да се опуштат. Испитаниците укажаа и на важноста на чувството на „обновување“ кое го имаат после посетата од музеј. Наодите од тоа истражување им помагаат на музејките научници подобро да ги разберат потребите и очекувањата на своите посетители.
Истражувањето на лондонското Училиште за економија дојде до заклучок дека музеите имаат ист ефект на личната благосостојба како и зголемувањето на платата. Кога одењето во музеј би се вреднувало во долари, еквивалентот на тоа „добро чувство“ би било годишно зголемување од 5,3 илјади долари.
Музеите имаат ист ефект како и учествувањето во спортски активности. Најголема пречка на луѓето за посета во музеите е тоа што родителите не ги носеле кога биле деца, а на многумина е проблем и недостигот на време.
Музеите се добри и за економијата, меѓу другото, и поради поддршката на посетителите на локалните музеи ги привлекува туристите. Според Американската асоцијација на музеи, музеите секоја година придонесуваат кон економијата со 21 милијарда долари.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари