Живот
22. February 2019 - 21:44

Луѓето кои подолго време биле сами се најдобри животни партнери!

Не дај Боже да бидете сами повеќе од неколку месеци. Веднаш ќе налетате на подигнати веѓи. Жените ќе добијат по некој коментар дека ќе станат мачкарки или дека веќе почнал да им отчукува биолошиот часовник, а мажите мораат да имаат незадолжителен секс за да ја избегнат стигмата за самечкиот живот.

Кога одат на состаноци, луѓето се срамат да признаат дека поминало многу време од нивната последна врска. Можеби другата личност ќе мисли дека никој не ги сака? Време да му се стави крај на овој муабет и да бидеме на чисто дека луѓето кои подолго време биле сами се најдобри партнери, а е еве и зошто е тоа така:

Времето кое го поминуваме сами со себе е многу важно

Ајде да почнеме со најочигледната причина: ова можеби звучи како клише, но основата на секоја добра врска, било тоа платонска или романтична, е да знаете како да бидете сами и да научите неколку работи за себе.

Некои луѓе започнуваат со врски кога ќе влезат во пубертет и постојано скокаат од врска до врска се додека не се венчаат. Тие во ниту еден момент од нивниот возрасен живот не поминале време самите со себе.

Прашањето е: Дали тие се со некој затоа што го сакаат или затоа што не се навикнати да бидат сами? За луѓето кои се сами е сосема нормално неколку часа да не добијат повик или порака. Обврската постојано да треба да одговарате на пораки и повици може да биде стресно.

Зарем попрво не би сакале да бидеме со некој што знае сам да се справува со работите отколку со некој кој можеби ќе развие нездрава зависност? Ако сте со некој кој никогаш не бил сам, тие нема добро да реагираат кога ќе им кажете за одморот кој сте го испланирале со друштво.

Да се биде сам во тешки времиња е нешто што ве зацвстува. Вашата среќа треба да зависи од самите вас, за да можете добро да се грижите за себеси.

Самците не се очајни, тие се пребирливи

Потребно е време да научиш и да пораснеш од раскинување. Ако луѓето скокаат од врска во врска, тие никогаш не можат да научат од своите грешки. Кога луѓе кои долго време биле сами ќе влезат во врска, тогаш знаете дека тие навистина го сакаат тоа. Тие не се очајни, тие се пребирливи.

Кога луѓе кои постојано биле во врски се во несреќна врска или во врска која е во криза, тие нема да знаат како да знаат како самите да се справат со тоа и ќе бараат совети од други луѓе. Оние кои подолго време биле сами, ќе знаат како да се справат сами. Можеби тоа значи и дека оние кои подолго време биле сами се и полојални од другите.

Можеби луѓето не избегнуваат врски затоа што не се доволно добри или затоа што имаат побарувања. Можеби некои луѓе едноставно чекаат некој кој вреди за да влезат во врска. И тоа ја прави целата разлика.