Луфтханза повлекува 150 авиони од флотата, следуваат уште откази
Луфтханза најави дополнителни откази, покрај оние 22.000 за кои информираше на почетокот на годината. Блумберг претходно јави, дека најголемата европска авиокомпанија размислува за отпуштање на уште 20 илјади работници, но тоа подоцна беше демантирано од портпаролот на компанијата.
Луфтханза денеска соопшти дека во следните пет години ќе ја намали за 150 авиони својата флота поради пандемијата на коронавирус. Со тоа нивната флота ќе вреди 1,1 милијарда евра помалку.
Според информацијата која компанијата ја објави на својата веб страна, изгледите за меѓународен промет дополнително се влошиле во последните недели.
„Со крајот на сезоната на летни патувања, бројот на патници и резервации повторно опаѓа, по малите знаци на опоравување што беа видливи во јули и август. Имајќи го тоа предвид, извршниот одбор го одобри третиот пакет за преструктуирање за групата и го извести надзорниот одбор за тоа“, објави авиокомпанијата.
„Капацитетот на патничките линии ќе биде значително ревидиран. Претходната претпоставка дека просечно 50 отсто од остварувањата од минатата година ќе се реализираат во последниот квартал од годината веќе не е реална. Ако сегашниот тренд продолжи, таа километража ќе биде можна само во опсег од 20 до 30 проценти, во споредба со минатата година , се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка