Loading Video...
Кошарка
10. February 2020 - 15:09

„Луди“ завршници на дуелите во Атланта и Хјустон

 
Двата најнеизвесни натпревар се одиграа во Атланта и Хјустон. 
 
На средбата во Атланта каде гостуваше Њујорк победникот беше решен по дополнителните пет минути, за на крајот да се радуваат домашните кошаркари и навивачи на триумфот со конечни 140-135 (регуларен дел 116-116). 
 
Мечот го одбележа Тре Јанг кој заврши со дабл-дабл улчинок, а на 48-те поени придодаде и 13 асистенции.,
 
Иако натпреварот го заврши со скромни само 8 постигнати поени, сепак Хрватот Бојан Богдановиќ беше јунакот на Јута која на гостувањето кај Хјустон забележаа победа со 114-113. Имено Богдановиќ од огромна далечинаж, со звукот на сирената, погоди тројка за победа на „Џезерите“.
 
На Хјустон не му помогнаа ниту 39-те поени на Весбрук, како и триопл-даблот на Харден со 28 поени и по 10 скокови и асистенции. 
 
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Филаделфија – Чикаго 118-111, Портланд – Мајами 115-109 и Вашингтон – Мемфис 99-106