„Луди за љубов“ - премиера на Драмски театар
Претставата „Луди за љубов“ од Сем Шепард, а во режија на Деан Дамјановски в петок премиерно ќе биде изведена во Драмскиот театар - Скопје, со почеток во 20 и во 22 часот.
Во едната премиерна изведба главната женска улога ќе ја игра Јана Стојановска, а во втората Благица Димитровска. Останатите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Анастас Тановски и Кристијан Светиев.
Во претставата се работи за Еди - каубоец, родео јавач, авантурист, кој по многу време се враќа кај својата девојка Меј, која ја напуштил без да и објасни зошто. Во драмата има уште два лика, ликот на старецот и на младиот Мартин кој треба да излезе на состанок со Меј.
Директорка на Драмски театар - Скопје Викторија Рангелова Петровска на денешната прес-конференција соопшти дека овој проект е влезен во Националната програма на институцијата, која е одобрена од Министерството за култура и чини 600 илјади денари.
Таа појасни дека се работи за камерна претстава и ќе се игра на малата сцена. Ќе има две премиерни изведби бидејќи за главна женска улога има две актерки кои се менуваат, тоа се Јана Стојановска и Благица Димитровска.
Режисерот Деан Дамјановски информира дека претставата е кратка, се игра во еден здив и трае еден час и 15 минути. Иако е кратка, како што рече, таа не е едноставна за актерите затоа што внатре има доста задачи.
Според него, се работи за сурова измачена љубовна драма меѓу двајца луѓе чии животи, како што рече, на некој начин се промашени. Додаде дека самиот амбиент на малата сцена и дава друга димензија на претставата и интимност.
Музиката е на Миодраг Неќак, а автор на композиција е Јана Стојановска. Сценографијата е на Ѓорѓи Ѓорѓиевски, а костимите се на Елена Внагеловска.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела