Џет-Сет
3. November 2015 - 15:30

Луча не жали поради исфрлањето: Едвај чекав да запалам џоинт

Дваесетина пријатели ми прередија забава за добредојде, а јас само гледав како да дофатам ладно пиво и да запалам голем џоинт, изјави 33-годишниот Лука Мишниќ кој посакуваше да излезе од куќата на Големиот брат како и Стефани Баниќ (20) која се зажеле за алкохол и „трева“.

Луча не е разочаран поради исфрлањето зошто мисли дека меѓучовечките односи набрзо ќе станат катастрофални. Тврди дека главни кандидати за победа се Барбара, Ервин и Горан, а својот фаворит не го открива.

-Задоволен сум од престојот во куќата на ББ и добро се забавував. Успеав да ја остварам идејата и се наметнав како водач и револуционер во групата. Се надевам дека поради ова натпреварување некој ќе ми понуди телевизиска емисија во која ќе бидам водител и домаќин, изјави овој белграѓанец.

Најмногу го гледала и поддржувала девојката Александра, која се нервирала што нејзиното момче не го покажувале многу на телевизија.

-По излегувањето од куќата на  ББ продолжив со изолацијата, па после забавата со пријателите се затворив со станот со мојата девојка Саша и уживав. Сакам да и го надоместам времето што го поминавме раздвоени, рече раперот од Баново брдо, кој ќе земе уште некој ден одмор.

Потоа се враќа во студио каде ќе продолжи со снимањето на неговиот музички албум. Неговиот прв албум критичарите го фалеа, а Луча го прогласија за предводник на белградскиот гангста рап.

Поради своите песни се нарекува творец на српскиот сленг и лидер на бановобрдскиот ганг.