Ракомет
12. February 2017 - 19:39

ЛШ(ж): Вардарки за малку од готово вересија, победија со 29:31 против Турингер

 Ракометарките на Вардар ја постигнаа рекордната осма победа во низа во Лигата на шампионите. Тие попладнево ги освоија планираните бодови од дуелот од третото коло во главната фаза на елитното натпреварување победувајќи со 31-29 против Турингер на гостински терен.

Со овој триумф „црвено-црните" го заверија пласманот во четвртфиналето, и сега останува само да се доврши задачата да го сочува првото место.

ЖРК Вардар на 10 натпревари по ред немаат пораз, што е повторно нов клупски рекорд во најквалитетното европско натпреварување.

Средбата почна одлично за вардарки кои поведоа со 5-0, а во 20 минута првпат и стигнаа до „плус 7", за водство од 15-8. Потоа разликата ја одржуваа, а на одмор се замина со 18-13. Во текот на најголемиот дел од натпреварот Вардар водеше, а од 46 минута Турингер првпат го израмнува резултатот на натпреварот, 23-23, најавувајќи ја неизвесноста. Седум минути подоцна домашните ракометарки првпат поведоа со 28-27. Со головите на Пенезиќ и на Лекиќ, вардарки го вратија водството, но им оставија речиси цела минута на домаќинките за последен напад.
Одбраната не му дозволи на ривалот да упатат удар кон Амандин Лејно. Во последните секунди една топка не стигна до пивотменот на домаќинките, и Камила Херем погоди на празната мрежа.

Во Групата 1 лидер е Вардар со 13 бода, пред Ференцварош со 9, Будуќност има 8,...

Во следното коло на 26 февруари во Скопје доаѓа Будуќност.