Ракомет
3. March 2018 - 8:57

ЛШ(ж): Вардарки цврсто на првото место

Вардар е на два чекори до пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта откако на едно коло до крај на мечевите од Главната фаза во ЛШ го потврди првото место и како лидер и фаворит влегува во четврт-финалето. Во меч од 5. коло од Главната фаза Вардар на домашен терен го победи Битигхајм со 30-22 (13-8) и со 16 бода е сигурно првопласиран. Сега нашите шампионки го чекаат исходот од последните две кола од Група 1 каде можни противници се НХФ Никобинг (Данска), Крим (Словенија) или Митјиланд (Данска).