Фудбал
7. December 2017 - 9:58

ЛШ:Славје во Доњецк, тага во Лајпциг

Неколку драматични резултати донесе последното коло во ЛШ. Голема радост се случи во Доњецк каде Шахтјор го совлада М.Сити со 2-1 и се пласира во нокаут фазата на сметка на Наполи кој загуби од Феенорд и продолжува во Лига Европа заедно со Лајпциг кој пропушти можност со победа да го освои 2. место во групата кое сега му припадна на Порто.

Резултати и табели:

Е група - Ливерпул - Спартак 7:0, Марибор - Севилја 1:1

Ливерпул 12 бодови, Севилја 9, Спартак 6, Марибор 3.

Ф група - Шахтар - Манчестер сити 2:1, Феенорд - Наполи 2:1

Манчестер сити 15, Шахтар 12, Наполи 6, Феенорд 3

Г група - Лајпциг - Бешикташ 1:2, Порто - Монако 5:2

Бешикташ 14, Порто 10, Лајпциг 7, Монако 2

Х група - Реал Мадрид - Борусија Д. 3:2, Тотенхем - Апоел 3:0

Тотенхем 16, Реал 13, Борусија Д. и Апоел по 2 бода.