Фудбал
4. May 2017 - 9:38

ЛШ:Се насмевнува финале Реал-Јуве

Фудбалерите на Јувентус направија огромен чекор кон пласманот во финалето во Лигата на шампионите, откако во средата, како гости го совладаа Монако со 2:0.
 
Фудбалерите на Масимилијано Алегри, одиграат тактички беспрекорен натпревар, во целост го оневозможија Монако да ја развие својата игра, а шансите кои домаќинот успеа да ги створи ги одбрани Џиџи Буфон.
 
Јуве на стадионот „Луј II“, имаше три шанси и постигна два гола. „Старата дама“, ја имаше контролата врз топката на почетокот на мечот, а кога Монако дојде до здив, два пати Буфон му одбрани на Мбапе, а еднаш на Фалкао.
 
Во 29.минута, брилјантната акција која ја започна Игуаин, а продолжи преку Дибала, Маркизио и Дани Алвес, со гол ја заврши аргентинскиот напаѓач.