Фудбал
7. December 2016 - 7:40

ЛШ:Наполи и Бенфика во ЛШ, хаварија на Турците

Изостана драматиката во Б-групата во ЛШ откако во Киев Бешикташ уште на стартот од првиот дел беше на прагот на катастрофа. Ова го искористија Наполи и  Бенфика иако мечот во Лисабон заврши со 2:1 за гостите иако се најавуваше  како директна пресметка за нокаут фазата во Лигата на шампиони, но наместо, на крајот, се радуваа двете екипи. За општата славеничка атмосфера на стадионот „Луж“ во Лисабон се погрижи Динамо Киев кој како домаќин го декласира Бешикташ со 6:0. Трите бода, освен за сопствено реноме и дополнителна сума на евра во клупската каса, не значеа ништо за Украинците кои претходно останаа без шанси и за Лига Европа. Турскиот клуб, пак, со триумф ќе се надеваше на прогрес меѓутоа доживеа тежок пораз, а мечот го заврши и со двајца фудбалери помалку на теренот (црвени картони добија Бек во првото полувреме и Абубакар во второто).

https://
https://