Фудбал
18. јуни 2017 - 18:00

ЛШ:Кој ќе му биде противник на ФК Вардар?!

Фудбалерите на ФК Вардар утре точно напладне ќе го дознаат противникот за второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. 

Црвено- црните претходните сезони имаа изразито тешки противници и затоа овојпат се надеваат на повеќе среќа во ждрепката. 
На менито се екипи  како  Салцбург, Селтик, Копенхаген, Лудогорец, потоа АПОЕЛ и Легија Варшава, екипи кои црвено-црните не ги посакуваат.
Еден од посакуваните ривали е словенечки Марибор....
На самиот ден на извлекувањето екипите се делат во 4 групи по што ќе биде појасно кој би бил првиот противник на македонскиот шампион.