-->
-->
ЛШ: Значајна предност за фаворитите
-->
Фудбалерите на Шахтјор и Динамо од Загреб направија голем чекор кон пласман во фазат по групи во Лигата на шампионите, откако во првите плејоф мечеви славеа како гости во Виена односно Елбасан. Блиску до групната фаза е и Валенсија која со 3:1 го совлада четвртфиналистот од минатата сезона Монако, Селтик славеше над Малме со 3:2, а Макаби избори реми 2:2 во Базел.
Шахтјор во Виена забележа минимална победа од 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Марлос во претпоследната минута од првото полувреме.
Динамо во Елбасан со пресврт го победи Скендербег. Шкемби во првиот дел му донесе предност на домаќинот, израмни Судани во 67.минута, а во 93.минута брилијантен гол постигна Пивариќ.
Валенсија против Монако стигна до предност уште во раната фаза на натпреварот, во четвртата минута Родриго постигна гол. Монако израмни во второто полувреме преку Пашалиќ, а потоа Валенсија постигна уште два преку Парехо и Фегули.
Базел прптив Макаби имаше негатива од 0:1 во 31.минута кога гол постигна Зехави. Осум минути подоцна израмни од пенал Делгадо, предност на Базел му донесе Емболо во 88.минута, а конечниот резултат го постави Зехави со својот втор гол во 96.минута.
Најдинамичниот натпревар го одиграа Селтик и Малме. Шкотскиот шампион во првите десет минути постигна два гола преку Грифитс и Бритон. На стартот од второто полувреме екс играчот на Селтик Бергет го намали резултатот на 2:1, а два гола предност на Селтик повотрно му донесе Грифитс. Конечните 3:2 ги постави Бергет во 95.минута.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден