Ракомет
8. May 2016 - 19:41

ЛШ: ЖРК Вардар со победа над Будуќност до 3. место

Ракометарките на ЖРК Вардар по третпат во низа завршуваат како трето пласирани во елитната Лига на шампионки.
 
До бронзениот медал македонските првенки стигнаа со победата над Будуќност со 30-28 полувреме 14-16. 
 
Андреја Пенезиќ со 7 и Јованка Радичевиќ со 6 голови беа најзабележителните ракометарки на Вардар во нападот, додека Амандин Леино со 15 успешни одбрани „командуваше“ со одбраната. 
 
Ова е трет бронзен медал за македонските шампионки на завршницата на Фајнал-фор турнирите во Будимпешта, на кој попладнево останува да се одигра уште финалниот меч, по кој ќе биде познат наследникот на Будуќност на европскиот трон за кој ќе се борат домашната унгарска екипа Ѓер и романскиот тим Букурешт.
 
Финалниот меч ќе започне од 17 часот и 45 минути.